Трофејниот шпански стручњак Чави Пасквал по 2,5 години повторно ќе води тим од Евролигата, тврдат денеска бројни европски кошаркарски медиуми.
Во моментов тој е тренер на рускиот Зенит, но е во финална фаза од преговорите со поранешниот европски шампион Анадолу Ефес. Тимот од Истанбул оваа сезона ја почна со Емре Џан на клупата, по серијата лоши резултати тој доби отказ, а на негово место дојде долгогодишниот асистент во стручниот штаб Томислав Мијатовиќ. Иако хрватскиот стручњак го врати Ефес во трка за плејинот од Евролигата, челниците на клубот сакаат проверено име на клупата со кое ќе се вратат во трката за титулата во елитното европско натпреварување.
Пасквал е во Зенит од 2020 година, а најголемите успеси во кариерата ги оствари со Барселона која ја водеше осум сезони и со која освои четири титули во Шпанија, три во Копа дел Реј и една во Евролигата. Подоцна ги водеше Панатинаикос и Зенит, но со далеку помал успех отколку Барса.


