Најголем дел од македонските прволигаши веќе ги почнаа подготовките за новата сезона, а дел од нив го направија и распоредот на пријателски натпревари пред стартот на шампионатот.
Интересно е тоа што голем дел од нив ќе ја тестираат својата форма против грчки екипи, а четири клуба ќе се сретнат со Ираклис во Солун. Прв на мегдан со овој тим ќе излезе ТФТ на 29 август, Феникс ќе гостува на 6., Пелистер на 10., а Кожув на 14. септември.
Ираклис требаше да учествува и на турнир во Скопје, во организација на ТФТ, но го откажа своето присуство.


