До пред 3-4 години, Демаркус Казнс беше еден од најдобрите центри во НБА лигата, за него се „тепаа“ најдобрите тимови во НБА, беше и американски репрезентативец, но повредите го принудија од својата кариера да направи авантура.
Од 2023 година е далеку од елитата, настапуваше во Порторико, па во Тајван, играше и 3х3, а од пред два дена е во првенството на Монголија. Негов нов клуб е Селенге Бодонс од градот Сухбата и првпат во својата историја игра во монголската елитна дивизија. Очигледно амбициите се високи бидејќи досега има ефект 11/2, а газдата Наранбатан Лунден неодамна вети дека во тимот ќе доведе НБА играч.
Казнс ја почна својата НБА кариера во 2010 година во Сакраменто Кингс каде остана седум сезони, а си замина поради кавгата со тогашниот тренер Џорџ Карл и генералниот менаџер Владе Дивац. Потоа играше во Њу Орлеанс, Голден Стејт, Хјустон, Клиперс, Милвоки и Денвер, а со Вориорс стигна до финалето во 2019 година каде загуби од Торонто. Освен тоа, четири пати играше на НБА Ол стар натпреварите, во периодот кога беше меѓу најдобрите центри во лигата.
Најголемите успеси во кариерата ги успеси со американската репрезентација со која има злато од Светското првенство во Шпанија 2014 и Олимписките игри во Рио де Жанеиро 2016 година.


