Денеска во Загреб се одржува редовниот семинар за судии, делегати и контролори од АБА лигата на кој и Македонија има свои претставници.
Нашата земја ја претставуваат еден инструктор и четворица судии кои претстојната сезона ќе бидат дел од двете АБА конкуренции. Во улога на инструктор е комесарот на натпреварување при Кошаркарската федерација на Македонија, Александар Милојевиќ кој е и член на судиската комисија на АБА, а покрај него се судиите: Александар Давидов, Никола Јакимовски, Боро Антовски и Владимир Михајловиќ.
Новата сезона во АБА лигите почнува на 20 септември, Македонија ќе има три клуба во втората дивизија.


