Шокантниот трејд на Лука Дончиќ од Далас во Лејкерс, во февруари, е еден од моментите кои ја одбележаа оваа сезона во НБА лигата.
Во размената беа вклучени уште петмина кошаркари и права на драфтовите во иднина, а учествуваше и Јута Џез. Четири месеци подоцна, уште излегуваат детали од преговорите на инволивираните. Новинарот на Чикаго Тајмс, Џо Коули тврди дека и Булс биле заинтересирани за потписот на Дончиќ, оваа франшиза нудела се што можела, но не успеала во својата намера.
„Извор од Булс ни откри дека Артурас Карнишовас, извршниот потпретсеедател на Чикаго Булс, му понудил на Далас да избере кој играч го сака само за да го добие Дончиќ. Биле подготвени да се откажат од најголемите ѕвезди, официјално ги понудиле и Коби Вајт, Матаз Бузелис, Патрик Вилијамс и Лонзо Бол, плус четири пика во првата рунда на драфтот, но од Далас не било прифатено тоа“, изјави Коули.
Главната причина поради која генералниот менаџер на Далас, Нико Херисон не ја прифатил понудата од Булс, била тоа што по секоја цена сакал да го донесе Ентони Дејвис. И преговорите со Роб Пелинка поминале во таква атмосфера, а другите кошаркари кои биле вклучени во трејдот се само декор во целата операција.


