Чикаго Булс успеа да му се спротивстави на фантастичниот Никола Јокиќ и да го победи Денвер Нагетс со 130-127.
Булс водеа со 18 разлика во првото полувреме и со 13 во последната четвртина, ја загубија предност, но во драматичниот финиш успеаја да се вратат и да ја прекинат серијата од пет порази, а воедно да му ја прекинат низата од седум победи на противничкиот тим.
Хертер погоди тројка за водство 85 секунди пред крајот, а потоа Вучевиќ го зголеми водството на половина минута пред истекот на времето. Денвер имаше шанса да се избори за продолжение, но Јокиќ промаши шут на сирената.
Интересно е тоа што Денвер ги имаше тројцата најефикасни играчи на овој меч, но не му беа доволни за славје. Никола Јокиќ го заврши натпреварот со 36 поени (13/27 од поле, 1/7 тројки), 18 скока и 13 асистенции, запишувајќи го својот осми трипл-дабл во сезоната. Џамал Мареј постигна 34 поени, од кои 18 дојдоа во последната четвртина, додека Арон Гордон додаде 24 поени.
Ајо Досунму и Џош Гиди го предводеа Чикаго со по 21 поен, Гиди додаде 14 скока, а Вучевиќ заврши со осум поени, девет скока и шест асистенции. Булс славеа поради подобрата клупа имајќи предвид дека гостинските резерви постигнаа 66 поени, а противничките само девет.
РЕЗУЛТАТИ
Кливленд – Милвоки 118-106
Детроит – Индијана 127-112
Филаделфија – ЛА Клиперс 110-108
Мајами – Њујорк 115-113
Торонто – Шарлот 110-108
Минесота – Далас 120-96
Њу Орлеанс – Оклахома 109-126
Денвер – Чикаго 127-130


