Претседателот на Кошаркарскиот сојуз на Србија, порано прв човек на Црвена Звезда, Небојша Човиќ се осврна на периодот од пред три децении, кога Партизан стана прв српски клуб што станал европски шампион.
Тој тврди дека има голема заслуга за титулата на „црно-белите“ и дека му помогнал да опстане во тој тежок период.
„Мислам дека тоа е прашање за нив и тоа не за цел Партизан, туку исклучиво поеинди кои или не знаат или не сакаат да се сетат дека на почетокот од 90. години на минатиот век, токму јас го спасив клубот, од позицијата на која бев тогап и му помогнав да освои титула европски шампион. Нема јас да плачам што некој ме напаѓа или не ме сака. Дури немам намера ни да се правдам на оние со кои никогаш нема да бидам на исто интелектуално и стручно ниво, бидејќи тоа е губење време“, изјави Човиќ.
Во периодот кога Партизан стана европски шампион, Небојша Човиќ беше истакната политичка фигура во Србија, како член на партијата СПС на Слободан Милошевиќ. Подоцна, од 1995 година до 1997 година беше и претседател на Кошаркарскиот сојуз на СР Југославија.


