Американскиот ветеран Крис Пол денеска доби отказ од Торонто Репторс, а неколку часа подоцна објави дека ја заврши кариерата.
Пол беше отпуштен од Лос Анџелес Клиперс минатата недела и испратен во Торонто, но не успеа да одигра ниту еден натпревар за канадскиот тим. Својот последен настап тој го забележа на 1 декември, во мечот на Клиперс против Мајами Хит.
Пред тоа, 40-годишниот плејмејкер играше за Сан Антонио, Голден Стејт, Феникс, Оклахома и Хјустон, додека на почетокот на кариерата, шест сезони, играше за Клиперс и Њу Орлеанс Хорнетс.
Неговиот план беше ова да му биде последна сезона и да ја заврши во клубот каде што постигна најголем успех (Лос Анџелес Клиперс), но франшизата од Калифорнија не му го овозможи тоа. Откако не успеа во својата намера, сакаше на терен да стави крај на блескавата кариера, но ниту од тоа не произлезе ништо.
Пол одигра 21 сезона и веројатно ќе стане член на Куќата на славните во одреден момент. Тој ја заврши кариерата со просек од 16,8 поени, 4,4 скока и 9,2 асистенции по натпревар.


