Атланта Хоукс прави реконструкција на својот тим и во овој процес може да влезе и првата ѕвезда на тимот Тре Јанг.
Американските медиуми тврдат дека менаџментот на франшизата ги истражува сите опции за трејд на најдобриот играч кој влегува во својата седма сезона, а во моментов има петгодишен договор за сума од 215 милиони евра. Напорите за трејд досега не вродиле со плод иако се уште има време за евентуален трејд.
Минатата сезона Јанг просечно постигнуваше по 25,7 поени и 10,8 асистенции по натпревар, но ни тоа не беше доволно за некој посериозен резултат на Хоукс.


