Српскиот репрезентативец Филип Петрушев утре би требало да го одбележи своето враќање во тимот на Црвена Звезда со настап на мечот против Жалгирис во Евролигата.
Минатата недела тој дефинитивно се врати во белградскиот тим, но клубот немаше време да го регистрира, па тој мораше да чека 6-7 дена за по вторпат да дебитира. Интересно е тоа што по вторпат оваа сезона тој ќе игра против тимот на Жалгирис со кого се сретна и како член на Олимпијакос.
Тој меч се одигра пред 18 дена во Пиреја и славеше грчкиот тим со 74-68, а Петрушев за нешто помалку од 12 минути во игра постигна 8 поени, 3 скока и 1 асистенција. За разлика од тогаш, сега Петрушев ќе гостува во Каунас, но секако ќе биде еден од најзначајните адути во тимот на Црвена Звезда, особено поради повредата на Боломбој.


