Поранешниот европски шампион и освојувач на титулата во АБА лигата се наоѓа пред испаѓање од регионалното натпреварување во кое учествува од неговото формирање.
Во првиот меч за опстанок, загрепскиот тим загуби на домашен терен од Илирија со 88-93, а серијата се игра до две победи. Словенците доминираа речиси цел меч, во еден период водеа и со 17 поени разлика, но Цибона успеа да ја стопи негативата и дури и да поведе во еден период.
Сепак, Илирија во финишот направи серија од 6-1, а најзаслужен за триумфот беше Голсон кој погоди во клучните моменти.
Илирија беше во слична ситуација и во финалето од АБА 2, ја совлада Босна во првиот натпревар како гостин, но потоа загуби на домашен терен, како и во „мајсторката“ во Сараево поради што беше принудена да игра бараж за пласман во елитата.


