Италијанскиот кошаркарски прволигаш Трапани се наоѓа пред колапс откако, поради натрупани долгови, остана со само шестмина кошаркари.
Мечот што требаше да го игра вчера против Виртус, го загуби службено со 0-20, а притоа Лега А му изрече казна од 50 илјади евра. Освен тоа, на Трапани му беа одземени и осум бода поради што падна на десеттата позиција на табелата и ја зголеми конкуренцијата меѓу екипите кои се борат за шестото, седмото и осмото место што водат на завршниот турнир од Купот на Италија. Меѓу нив е и тимот на Андреј Јаимовски, Тренто кој го чека расплетот по првата полуетапа од сезонаата.
Голем дел од играчите си заминаа, некои најдоа и нови клубови, но Трапани не го откажа гостувањето во Бугарија каде треба да се сретне со Хапоел Холон во баражот за пласман во топ-16 фазата од Лигата на шампионите.


