Во Градскиот парк во Скопје често се раѓаат убави спортски приказни, а „City Park Boys“ веќе се препознаваат како симбол на љубовта кон кошарката и поддршката на кошаркарите на Работнички.
Нивната благодарница за кошаркарите не е само обична порака, туку искрено признание за трудот, посветеноста и страста што ја вложуваат во играта. Токму ваквите гестови го зајакнуваат чувството на заедништво и претставуваат силна мотивација за кошаркарите да продолжат да напредуваат и да го даваат најдоброто од себе.
Работнички имаше исклучително тешка и турбулентна сезона, во еден период беше на работ од испаѓање од елитата, но на крајот се добро се заврши за него. Навивачите го препознаа трудот и на свој начин им се заблагодарија на кошаркарите и стручниот штаб.


