Најзаслужните за тоа што клубот сè уште опстојува не беа поканети на денешното свечено отворање на реновираната сала во Градски парк.
Дел од кошаркарите и од стручниот штаб веќе шест месеци немаат земено плата, а некои сè уште имаат неисплатени обврски и од минатата сезона. Освен нив, не беа поканети ниту членови на навивачката група Сити Парк Бојс која преку социјалните мрежи остро го нападна градаоначалникот на Центар, Горан Герасимовски.
„До каде ќе оди бескрупулозноста на еден градоначалник и целата свита општинари околу него кои за себе промоција решија да искористат ДЕЦА во ПОЛИТИЧКИ ЦЕЛИ под маската на наводно СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ на спортската сала ГРАДСКИ ПАРК. ДЕЦАТА БЕА ДОНЕСЕНИ да бидат декор во тотално небезбедна средина СПОРТСКА САЛА БЕЗ ТЕХНИЧКИ ПРИЕМ, без никаков БЕЗБЕДНОСЕН ПРОТОКОЛ(полиција,итна помош,редари итн итн). Полна сала ДЕЦА а надвор работат мајстори и градежни машини битно е да се ОДРЖИ битно е да се ПРОДАДЕ МАГЛА.
РОДИТЕЛИ ОД ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА во ОПШТИНА ЦЕНТАР, прашајте ги директорите и наставниот кадар зошто вашите деца беа искористени за статисти во небезбедно опкружување?
Се надеваме дека надлежните институции ќе се заинтересираат за денешниов настан и нема да останат по страна и ненадлежни како многу пати претходно. Знаеме дека сега ќе почнат скапо платените бандити да бараат излез ама излез тешко дека овој пат ќе има.
1.Зошто не беа поканети КОШАРКАРИТЕ на КК РАБОТНИЧКИ и ЦЕЛИОТ СТРУЧЕН ШТАБ?
2.Зошто не беа поканети останатите ЛЕГЕНДИ од ИГРАЧИ и ТРЕНЕРИ кои освојувале ТИТУЛИ и КУПОВИ?
3.Зошто немаше присутни НОВИНАРИ од СПОРТСКИТЕ РЕДАКЦИИ истотака и ФОТОРЕПОРТЕРИ?
4.Зошто ако се е регуларно мораше со најголема конспиративност да се спрема и одржи ваков настан?
5.Зошто салата не го носи името а беше најавено на великанот на македонската кошарка ЛАЗАР ЛЕЧИЌ?
6.ОД ШТО СЕ ПЛАШИТЕ и ОД КОГО БЕГАТЕ?
Група Гневни Граѓани 1997
CITY PARK BOYS“, пишува во реакцијата на навивачката група на Работнички.


