Индијана Пејсерс е најпријатното изненадување во досегашниот дел од плејофот и нема да биде изненадување ако директно се вмеша во борбата за титулата во НБА лигата.
Тимот од Индијанаполис и вторпат славеше на гости кај најдобрата екипа од Источната конференција, Кливленд Кавалирс, сега со 120-119 и води со 2-0 пред преселбата на серијата на негов терен. Најзаслужен за тоа е Тајрис Халибартон кој имаше свое шоу во последните моменти од натпреварот.
На 12 секунди пред крајот, тој погоди само едно од двете слободни фрлања, второто го промаши, но со офанзивен скок ја прифати одбиената топка, се врати назад и погоди тројка на нешто повеќе од секунда пред истекот на времето. Тоа беше кулминација на неверојатниот натпревар во кој, како и во првиот меч, Кливленд имаше предност од 20 разлика на стартот од втората четвртина, а водеше со 119-112 на 48 секунди пред крајот.
Бадијала бееа 48 поени на Донован Мичел кој додаде уште 9 асистенции и 5 скока. Несмит беше најдобар кај Индијана со 23 поени, а херојот Халибартон немаше особено ефикасен меч бидејќи постигна 19 поени со 9 скока. Ако ги искористи двата натпревара на домашен терен, Индијана има шанса повторно да се пласира во финалето на Истокот, како и минатата сезона.


