Екипата на Њујорк Никс го победи Кливленд со 121-108 и поведе со 3-0 во финалето на Источната конференција на НБА.
Никс водеа во целиот натпревар, прв на гостински терен во оваа серија и сега се само на една победа од нивното прво учество во финалето на НБА од 1999 година. Џејлен Брансон постигна 30 поени, а Микал Бриџис додаде 22. Покрај Брансон и Бриџис, Ануноби исто така придонесе со 21 поен.
Тимот од Њујорк го заврши натпреварот со одличен процент на шутирање, погодувајќи 43 од 77 шутеви од поле, со 11 тројки од 28. За Никс ова беше десетти последователен триумф во плејофот со што стана само седмиот тим во историјата на НБА што го сторил тоа.
🏆 PLAYOFF BRACKET 🏆
— NBA (@NBA) May 24, 2026
▪️ @nyknicks take a 3-0 series lead in the Eastern Conference Finals
The NBA Conference Finals presented by @Google continue Sunday with Thunder/Spurs at 8:00pm/et on NBC and Peacock! pic.twitter.com/OtkJ1F7qNW
Последниот тим со таква серија беше Бостон Селтикс за време на шампионската сезона 2024.
Брансон и компанија имаат +225 поени во последните десет натпревари, што е најдобар резултат во историјата на лигата во ваков, вклучувајќи ја регуларната сезона и плејофот. Четвртиот натпревар од серијата се игра во вторник во 2 часот по полноќ, исто така на теренот на Кливленд.


