Лос Анџелес Клиперс последните две децении постојано се обидува да дојде до својата прва титула во историјата, но никако не успева во тоа.
Проба повеќе начини, со мега ѕвзди, со млади играчи, со квалитетни тренери и ништо не донесе резултат. Најновата стратегија е да се ангажираат искусни кошаркари, пред крајот на својата кариера, па Клиперс во моментов го имаат највозрасниот тим во лигата и ако нешто не се смени до почетокот на сезоната, ќе го соборат рекордот на НБА.
Меѓу другите засилувања, летово пристигнаа 40-годишниот Крис Пол, 37-годишниот Брук Лопес и 32-годишниот Бредли Бил. Од порано во екипата се уште 36-годишниот Никола Батум, 35-годишниот Џејмс Харден и 34-годишниот Кавај Ленард.
Просечната возраст на кошаркарите во Клиперс во моментов изнесува 33,2 години со што е надминат рекордот на Јута Џез од сезоната 2000/01, предводена од Џон Стоктон и Карл Мелоун кој изнесуваше 32,6 години. Не е исклучено до почетокот на првенството да дојде до промена и евентуално заминување на некој од ветераните, но во секој случај Клиперс ќе се потпрат на искуството во обидот да стигнат до титулата.


