Репрезентацијата на Србија ќе добие нов селектор по 30 септември кога истекува договорот на Светислав Пешиќ.
Тоа денеска го потврди претседателот на Кошаркарскиот сојуз, Небојша Човиќ во телевизиско гостување, истакнувајќи дека соработката со 76-годишниот стручњак нема да биде продолжена.
„Сигурно е дека Пешиќ повеќе нема да биде селектор, се договоривме дека ќе остане на таа функција само до 30 септември. Некои имиња циркулираат, некои се борат за ексклузивност во своите информации, но ние се уште не сме преговарале со потенцијални кандидати“, откри Човиќ.
Србија доживеа дебакл на Европското првенство откако беше елиминирана од Финска во осминафиналето. Како можни наследници на Пешиќ се спомнуваа Саша Обрадовиќ, Александар Ѓорѓевиќ и Стефан Алимпијевиќ, но не е исклучено некој друг да ја добие довербата.


