Карлик Џонс се согласил да го продолжи договорот со Партизан за уште две години, тврдат српските медиуми иако од клубот уште нема официјална потврда.
Репрезентативецот на Јужен Судан ќе има загарантирана плата од 2,5 милиони евра по сезона со опција за продолжување на договорот за уште една година со што ќе се израмни со Џабари Паркер кој е рекордер според заработката во историјата на белградскиот клуб.
Карлик се повреди на почетокот на сезоната, што во голема мера ја одреди лошата сезона на Партизан во Евролигата. По неговото враќање, црно-белите блескаат и направија историска серија од шест триумфи во Евролигата. Џонс оваа сезона во просек постигнува точно 16 поени во Евролигата, со 2,9 скока, 4,7 асистенции и 0,8 украдени топки.
Во февруари беше прогласен за најдобар играч во најсилното европско клупско натпреварување. Навивачите на Партизан ќе имаат многу причини да бидат среќни по овој потег на раководството.


