Контроверзниот косопственик на Далас Маверикс, Марк Кјубан призна дека и натаму многу го сака Лука Дончиќ, но дека Лос Анџелес Лејкерс го мрази од дното на душата и дека му посакува најлоша можна сезона.
Дончиќ во февруари беше трејдуван во тимот од Калифорнија што беше шок за целиот кошаркаркски свет, но на жал на навивачите на Маверикс. Прашан што очекува од претстојната сезона, Кјубан изненади со својата изјава, особено поради тоа што во неговите желби е вклучен и Дончиќ.
„И понатаму разговараме и се допишуваме со Лука, кога игравме со Лејкерс се дружев со неговиот татко. Надвор од теренот го сакам Лука до смрт, но на теренот – е*и го. Се разбира дека не сакам да го повредам или нешто слично, но му посакувам со Лејкерс да има 0/82 следната сезона“, рече Кјубан.
Дончиќ во моментов е со словенечката репрезентација на Европското првенство, а за нешто повеќе од еден месец ќе ги почне подготовките за новата сезона, прва што целосно ќе ја помине во Лејкерс.


