Екипата на Тренто обезбеди пласман во плејофот од италијанското првенство иако пред последното коло, малкумина му даваа шанси за такво нешто.
Тимот на Андреј Јакимовски на домашен терен играше со Олимпија Милано и му требаше победа, а во исто време, требаше да загуби Варезе кој гостуваше кај шампионот и лидер Виртус. Вториот услов беше остварлив, но со оглед на тоа што на Олимпија Милано ѝ беше потребна победа за второ место, речиси никој не веруваше дека Тренто ќе успее да слави.
Учесникот во Еврокупот, сепак, се надмина себеси, го победи најтрофејниот тим во историјата на Лега А со 84-74 и на крајот го освои осмото место на табелата. Јакимовски на теренот помина 24 минути и во победата учестуваше со седум поени, две асистенции и еден скок.
Во четвртфиналето, Тренто ќе игра со Виртус кој ќе ја има предноста на домашниот терен. Се игра до две победи, а првиот натпревар е на програмата на 17 мај во Болоња.


