Голден Стејт Вориорс приреди вистинска кошаркарска сензација во дуелот со Лос Анџелес Лејкерс, откако по огромна негатива успеа да стигне до убедлив триумф од 112-95.
Тимот од Лос Анџелес имаше сè во свои раце, но блескавата игра на домаќините во продолжението целосно го промени текот на натпреварот.
Гостите одлично го отворија мечот и уште во првиот период направија двоцифрена разлика. По почетните 38-15, избраниците на гостинскиот тренер продолжија во ист ритам, па на почетокот од втората четвртина стигнаа и до највисоките 25 поени предност (40-15). Но, тогаш следуваше целосен пресврт на случувањата на паркетот. Вориорс пронајдоа начин да го запрат налетот на противникот, а со неверојатна серија во вториот период ја избришаа целата негатива. Голден Стејт ја доби четвртината со 38-15, па на големиот одмор резултатот беше израмнет.
Во второто полувреме домаќините продолжија со одличната игра, ја презедоа иницијативата и постепено ја зголемуваа предноста, за на крајот да стигнат до победа со убедливи 17 поени разлика.
Главната улога во големиот триумф ја имаше Стеф Кари, кој запиша 31 поен, шест асистенции и четири скока. Неговиот дуел со Лука Дончиќ донесе и еден од најатрактивните моменти на вечерта, кога ѕвездата на Голден Стејт со серија дриблинзи го надмудри Словенецот и погоди зад линијата за три поени.
Дончиќ, и покрај поразот, беше најефикасен кошаркар на средбата со 37 поени, седум скока и пет асистенции. Сепак, неговиот индивидуален учинок не беше доволен за Лејкерси да ја сочуваат предноста. Значајна поддршка за Кари пристигна од Брендин Подзиемски, кој придонесе со 21 поен.
Натпреварот имаше значење и во рамките на НБА-купот, а Кари покрај победата имаше уште една причина за задоволство. Со постигнатите поени го прескокна Доминик Вилкинс на вечната листа на стрелци и се искачи на 18. позиција.
РЕЗУЛТАТИ
Вашингтон – Шарлот 95-79
Бостон – Чикаго 125-111
Бруклин – Детроит 94-110
Филаделфија – Њујорк 98-93
Торонто – Орландо 114-121
Далас – Хјустон 116-111
Мајами – Индијана 145-125
Минесота – ЛА Клиперс 127-101
Голден Стејт – ЛА Лејкерс 112-95
Феникс – Денвер 120-127


