Апсолутно заслужено, Калин Василов од тимот на Феникс е прогласен за МВП на завршниот турнир од У12 лигата што викендов се одржа во Велес.
Во полуфиналето против МЗТ Скопје тој постигна 15, а блесна во мечот за титулата против Водно Санс во кој броеше до 33 поени. Со тоа го потврди својот потенцијал кој го демонстрираше уште во лигашкиот дел од оваа конкуренција.
Калин Василов е од познато кошаркарско семејство. Неговиот татко Горан ја помина школата на Работнички и беше младински репрезентативец на Македонија, а дедо му е Драган Василов Цевка, еден од најпознатите тренери на млади категории во земјава кој почина во 2020 година.


