Исклучително интересен и несекојдневен финиш имаше денешниот натпревар меѓу Пелистер и Чаир, во рамките на 19. коло од Првата македонска кошаркарска лига.
Битолчани славеа со 85-55, а победникот беше познат уште на почетокот од последната четвртина во која домашниот тим влезе со 18 поени предност. На нешто повеќе од три секунди пред крајот, Дарко Најдовски направи прекршок врз Рушити, а потоа почна надмудрувањето на двајцата тренери.
Ерхан Рамадан прво повика тајмаут, потоа и уште еден, а во меѓувреме судијата Феревски ѝ додели техничка грешка на клупата на чаирчани. Кога завршија двата тајмаута на гостите, Дарко Радуловиќ ги искористи своите два, па завршницата од натпреварот се пролонгира за пет минути.


