Највозрасниот играч во тимот на Црвена Звезда, Милош Теодосиќ нема да игра вечерва против Олимпијакос во 15. коло од Евролигата.
Искусниот плејмејкер има повреда на колкот уште од мечот против Виртус минатата недела и не успеа да заздрави до исклучително важниот дуел со грчкиот вицешампион. Во консултација со тренерот Јанис Сферопулос, донесена е одлука тој да не игра вечерва за да се избегне потешка повреда.
Покрај Теодосиќ, вечерва во комбинација поради повреда нема да биде ни Џоел Боломбој, Филип Петрушев нема право на настап бидејќи е позајмен токму од Олимпијакос, а новиот играч Џон Браун уште не е во посакуваната форма за настап.


