Екипата на ЦСКА поведе со 2-0 во финалната серија од ВТБ откако и вечерва триумфираше на теренот на бранителеот на титулата Уникс.
Московскиот тим славеше со 94-83 и има можност во следните два меча на домашен терен да ја врати титулата во свој посед. Многу работи денеска беа решени во првата четвртина која гостите ја добија со 23-8 по што рутински ја одржаа предноста до крајот.
Ненад Димитријевиќ повторно беше меѓу најдобрите во својот тим, постигнувајќи 18 поени и 9 асистенции.


