Еден од најконтроверзените кошаркари во историјата на НБА, Денис Родман се вклучи во споредбата на квалитетите на Мајкл Џордан и Леброн Џејмс и отворено застана на страната на својот поранешен соиграч.
Тој освои три шампионски титули со Чикаго Булс пред крајот на минатиот век, па јасно е зошто го фаворизира Џордан.
„Не постои споредба. Да играше Леброн во 90-тите години од минатиот век, ќе беше само просечен играч. Мајкл има харизма, Леброн е силеџија, нема убавина во неговата игра“, смета Родман.
Според многумина, Џордан е најдобар кошаркар на сите времиња и покрај тоа што не е и најтрофеен.


