Славниот НБА центар Шекил Онил имаше свое размислување за изборот на Никола Јокиќ за МВП на сезоната, признание кое му беше доделено синоќа.
Некогашниот играч на Орландо, Лејкерс, Мајами итн. исклучително го цени српскиот ас, но смета дека оваа сезона не ја заслужил наградата.
„Не сакам да им ја расипувам среќата на другите, но не сум задоволен со овој избор. Сметам дека Шеј Гилџес-Александер го заслужи признанието. Без да го потценам ефектот на Јокиќ кој е убедливо најдобар центар во лигата, мислам дека Шеј треба да биде прогласен за МВП. Постигна по 30 поени на 50 натпревари во сезоната, неговиот тим беше прв на Западот. Нека не ми се налути Јокиќ, среќен сум за него, но јас лично би му ја дал наградата на Шеј“, изјави Шек.
Јокиќ е првиот европски кошаркар со три МВП признанија, а повеќе од него имаат само петмина играчи во историјата на НБА лигата.


