По релативно слабиот старт на сезоната, екипата на Зенит полека влегува во форма и вечерва стигна до четвртата победа по ред во ВТБ лигата.
Тимот од Сант Петерсбург го прегази Локомотив Кубан на донашен терен со 98-69, а целата работа ја заврши веќе во првото полувреме кое го доби со 22 разлика. Локомотив Кубан е на четвртото место, веднаш зад Зенит, но очигледно се наоѓа во голема криза бидејќи ова беше трет пораз по ред за тимот од Краснодар.
И Ненад Димитријевиќ ја крева формата по паузата во октомври и денешниот натпревар го заврши со дабл дабл. Играше најмногу од сите кошаркари на Зенит, 28 минути и за тој период постигна 12 поени, 11 асистенции и три скока, за индекс 21, втор највисок во неговиот тим.


