Голден Стејт славеше убедлива победа во дуелот со Далас и ги продолжи надежите за пласман во плејофот.
Вориорс триумфираа со 126-102 за трета победа во низа и вкупно 30. оваа сезона и сега се на само чекор од шестото место на кое се наоѓа Лос Анџелес Клиперс. Можеби звучи неверојатно, но Голден Стејт е тим во најдобра форма во Западната конференција бидејќи единствен има три победи по ред.
Своја вечер имаше Стеф Кари кој постигна 30 поени за помалку од 30 минути поминати на теренот. Многу работи околу победникот беа решени во првото полувреме, на крајот од воведната четвртина беше 33-18, а во втората, разликата отиде и над 20 поени.
Пред Далас е еден од најинтересните натпревари оваа сезона бидејќи утре вечер гостува кај Лос Анџелес Лејкерс и првпат ќе се соочи со својата довчерашна мега ѕвезда Лука Дончиќ.
РЕЗУЛТАТИ
Минесота – Оклахома 123-130
Кливленд – Мемфис 129-123
Њу Орлеанс – Сан Антонио 114-96
Атланта – Детроит 143-148
Милвоки – Мајами 120-113
Орландо – Вашингтон 110-90
Торонто – Феникс 127-109
Индијана – ЛА Клиперс 129-111
Голден Стејт – Далас 126-102
Бостон – Њујорк 118-105


