Американските медиуми секојдневно објавуваат нови детали за драмата која се случи на почетокот од февруари, а во која Лука Дончиќ заврши во Лос Анџелес Лејкерс.
Порталот Атлетик открива дека не Лејкерс, туку Минесота Тимбервулфс е тимот кој прв бил контактиран за можен трејд на Лука Дончиќ. Целта на Далас Маверикс била да го донесе најдобриот играч во оваа екипа Ентони Едвардс, но менаџментот на Вулфс категорично ја одбило таа понуда.
„Водени се неформални преговори меѓу Далас и Минесота пред да биде реализиран трејдот во Лејкерс“, пишува Атлетик.
По одбиената понуда од Минесота, Нико Херисон се свртел кон Лејкерс затоа што Ентони Дејвис бил еден од кошаркарите за кои сметал дека може да биде големо засилување. Дончиќ веќе дебитираше во дресот на Лејкерс, тим кој се бори за што подобар пласман во основниот дел од сезоната.


