Апсолутно заслужено, македонскиот репрезентативец Дамјан Робев е МВП на турнирот од Купот што се одржа во Битола.
Искусниот бек стапи на сцена кога му беше најтешко на МЗТ Скопје, во моментите кога Војдан Стојановски не можеше да игра поради повреда, а Дамјан направи пет лични грешки. За 21 минута во финалето, Робев постигна 13 поени и 6 скока и бешше најефикасен во својот тим.
Интересно е тоа што сите 13 поени, тој ги постигна во серија, на крајот од третата и почетокот од последната четвртина.


