Најискусниот (заедно со брат му) во македонската репрезентација Дамјан Стојановски уште еднаш покажа дека специјалност му е играта во одбрана.
На вчерашниот меч против Литванија, капитенот на МЗТ Скопје имаше пет украдени топки што е рекорд на денот во квалификациите за Европското првенство во 2025 година. Уште шестмина кошаркари на другите натпревари имаа по пет украдени топки, но ФИБА го посочи токму Дамјан како најдобар во оваа статистичка категорија.

Искусниот македонски репрезентативец на теренот синоќа помина 22 минути и за тој период постигна три поени, 1 скок, 1 асистенција и 5 украдени топки.


