Детроит Пистонс досега имаат феноменална сезона и се наоѓаат на врвот на Источната конференција.
Најновите информации од Мичиген велат дека шампионот од 2004 година се обидува да ја донесе ѕвездата на Далас. Според Еван Сидери од Форбс, Детроит би можел да состави пакет околу Џејден Ајви, договорот на Тобијас Харис од 26,6 милиони долари, кој истекува, уште еден играч со споредна улога и избор на драфтот. Како што дополнително објави Шемс Чаранија од ESPN, Пистонс се еден од трите екипи – заедно со Атланта Хокс и Торонто Репторс – кои подготвуваат официјални понуди за Дејвис.
Доколку биде разменет, Детроит би станал првиот тим од Источната конференција во кариерата на Дејвис. Неговиот агент, Рич Пол, неодамна се сретна со претставници на Маверикс за да разговараат за иднината на неговиот клиент. Далас наводно ги држи сите опции отворени.
Искусниот центар заработува 54,1 милиони долари оваа сезона, има гарантирани 58,5 милиони долари следната година и опција за 62,8 милиони долари за сезоната 2027/28. Тој пристигна во Далас во февруари годинава во сензационален трејд за Лука Дончиќ, но одигра само 19 натпревари за Маверикс поради постојани повреди.
Поради повреда на левата нога, сезонаба настапи на само десет меча, со просек од 19,6 поени и 10,2 скока. Десет пати учествуваше во Ол-стар натпреварот и секако е сè уште еден од најдобрите играчи на својата генерација, со просек од 24,1 поен, 10,7 скока и 2,6 блокади во кариерата во која играше и за Њу Орлеанс и Лос Анџелес Лејкерс.


