Поранешниот европски шампион Партизан лошо ја отвори новата сезона во Евролигата откако вечерва загуби на гостувањето кај Дубаи со 76-89.
За Дубаи, ова беше прв натпревар во Евролигата во историјата и овој триумф ќе остане запишан со златни букви во постоењето на клубот. Домаќините водеа безмалку цел меч, а Партизан не покажа ништо особено и покрај фаворитската улога која ја имаше.
Дубаи имаше двоцифрена предност уште во првата четвртина кога блескаше поранешниот играч на Партизан, Давис Бертанс постигнувајќи 11 поени. Во вториот период беше и +14 за тимот од Обединетите Арапски Емирати, а само поради подобриот финиш, Партизан отиде на голем одмор со само седум поени негатива (40-47). Заедно со крајот на вториот период, Партизан направи серија од 12-0 и на стартот од третата четвртина имаше предност од 48-47, но тоа беше се од гостинските кошаркари.
Дубаи врати со 17-2, а во последниот квартал водеше и со 22 поена разлика (80-58). Партизан некако успеа да се избори за пристоен пораз, но далеку од тоа дека денешното издание беше задоволувачко за навивачите.
И вториот дебитант во Евролигата оваа сезона, Хапоел Тел Авив победнички ја почна сезоната, совладувајќи ја Барселона со 103-87.


