На една недела пред почетокот на сезоната во македонското првенство, Работнички направи една промена во својот состав.
Од клубот од Градски парк си замина босанскиот интернационалец Његош Сикираш кој ја плати сметката за очајниот настап на стартот од АБА 2, против Сутјеска. На завчерашниот меч тој постигна само пет поени за 17 минути игра, со шут од игра 2/6, плус два скока и една асистенција.
Лошата игра на Сикираш не е единствена причина поради која Работнички се раздели со Сикираш. Клубот од Градски парк се соочува и со финансиски проблеми затоа што еден од главните спонзори го намалил буџетот кој бил договорен лани и принуден да ги скрати трошоците додека не се најде друго решение.
Ова веројатно значи дека Работнички ќе ја почне сезоната со тројца странски кошаркари, а потоа, во зависност од развојот на настаните, ќе се одлучува дали ќе се засили.


