Американскиот интернационалец Френк Камински го напушти Партизан веднаш по финалната серија од АБА лигата и нема да биде во комбинација за завршницата од српското првенство.
Во шампионатот на нашиот северен сосед, како и кај нас, постои лимит за странски кошаркари кој изнесува четворица, а Камински е еден од оние на кои Обрадовиќ не смета. Сепак, српските медиуми тврдат дека во неделата тој го одиграл последниот натпревар за Партизан и дека нема да му биде продолжен договорот кој беше на само една сезона.
Обрадовиќ сега има шестмина странци: Ледеј, Понитка, Нанели, Доузер, Кабокло и Смит и од нив ќе треба да прецрта двајца пред стартот на плејофот.


