Нетфликс го објави документарниот филм „Olympics“ во кој се прикажани случки на кошаркарите на Олимписките игри во Париз.
Интересен е делот околу забавата на српската репрезентација по освоениот бронзен медал, а има и други нешта кои не можеа да се забележат за време на преносите. На пример, во моментите на прослава на една од победите, Марко Гудуриќ го покажува телефонот на кој стои статистиката на Никола Јокиќ во четирите најважни категории.
„’Дебелиот’ е прв по поени, скокови, асистенции и украдени топки“, вели Гудуриќ пред камерата.
Кошаркарот на Денвер просечно постигнуваше по 18,8 поени, 10,7 скока и 8,7 асистенции, беше член на идеалната петорка на турнирот, а влезе и во друштво на кошаркари со трипл дабл на еден натпревар од Олимписките игри.


