Една недела откако беше во Скопје на промоцијата на својата автобиографска книга, славниот српски стручњак Светислав Пешиќ го сруши рекордот на Евролигата откако стана највозрасен тренер кој водел екипа во елитното кошаркарско натпреварување.
Довчерашниот селектор на Србија во понеделникот го презеде Баерн, а ден подоцна го водеше тимот на дуелот против Хапоел (пораз со 72-82). Со 76 години, тој го собори рекордот на Аито Ренесес кој во 2021 ја водеше Алба на 74-годишна возраст.
Својата кариера Пешиќ ја почнал во 1983 година кога ниеден актуелен евролигашки кошаркар на бил роден, а не биле родени и тројца тренери на актуелните тренери во Евролигата: Поета на Олимпија Милано, Галбијари на Басконија и Пупе на Асвел.
Кариерата на еден од најтрофејните светски стручњаци трае 42 години, но тој бил активен во 37 од нив, тренирајќи десет клуба (Босна, Алба, Келн, Барселона, Рома, Жирона, Динамо Москва, Црвена Звезда, Валенсија и Баерн) и уште две репрезентации (Германија и Србија, односно СР Југославија).


