Повремениот босански репрезентативец Харис Делалиќ нема да го продолжи престојот во МЗТ Скопје каде дојде на половина од минатата сезона.
Медиумите во БиХ тврдат дека тој е пред договор со поранешниот европски шампион Босна и неговиот потпис во моментов е само формалност. Делалиќ го засили МЗТ Скопје пред крајот на јануари и имаше голем придонес во освојувањето на двојната круна во домашната кошарка.
Ако се оствари неговиот премин во Босна, тоа значи дека Делалиќ претстојната сезона би можел да игра против МЗТ Скопје, ако двете екипи се паднат во иста група или подоцна, во нокаут фазата.


