Единствено дуелот меѓу Гостивар и Феникс не одлучува ништо конкретно ако е важен во борбата за опстанок во Суперлигата, во рамките на последното коло од шампионатот.
Кошаркарската федерација одлучи сите натпревари да се играат денеска во исто време, од 18 часот бидејќи директно се решава кои екипи ќе играат во плејофот, кои во плејаутот, а кој ќе влезе во разигрувањето како првопласиран. Теоретски, дури и Маџари мора да ги победи отпишаните Ангели за да го потврди својот пласман во топ-6.
Покрај Маџари, дури четири екипи се борат за последното место кое води во плејофот: Кожув, МКК Куманово, Тиквеш и Чаир, а нема ниеден дуел во кој се среќаваат овие тимови. Кожув го пречекува Пелистер, МКК Куманово гостува во Градски парк кај Работнички, Тиквеш исто така пред своите навивачи се среќава со лидерот ТФТ, а Чаир со шампионот МЗТ Скопје.
Околу 20 часот се очекува да се знае кои екипи продолжуваат во борбата за титулата, а кои за опстанок.
ДВОЈКИ ЗА 22. КОЛО
05.04.2026 – 18 часот
Чаир – МЗТ Скопје
Гостивар – Феникс
Маџари – Ангели
Кожув – Пелистер
Работнички – МКК Куманово
Тиквеш – ТФТ


