Пионерската екипа на МЗТ Скопје е нов шампион на Македонија во У14 лигата откако во денешното финале го совлада Феникс со 83-69.
По фантастичниот старт на Феникс кој со 26-15 ја доби првата четвртина, пресвртот се случи во третиот период кој му припадна на МЗТ Скопје со 35-16. Последните десет минути послужија само за ставање печат на големиот успех на клубот од Аеродром, втор денеска откако и сениорите на МЗТ Скопје ја освоија титулата.
Најрасположен беше тандемот Михајлов-Златановски кој заедно постигна 51 поен, а првиот од нив го однесе признанието за најкорисен играч на завршниот турнир.
Бронзениот медал му припадна на тимот на Водно Санс кој во натпреварот за третото место го совлада МВП со 81-71.


