Битола денеска и утре ќе биде домаќин на меморијален кошаркарски турнир посветен на Зоран Петковски – Петкото, човек кој остави значајна трага во битолската и македонската кошарка.
На турнирот ќе учествуваат Пелистер, МЗТ Скопје, ТФТ и МКК Куманово, а натпреварите ќе се играат во текот на два натпреварувачки дена. Настанот ќе биде можност преку кошарката да се зачува споменот на Петковски и неговото значење за спортот во Битола.
Турнирот воедно ќе претставува уште една можност Битола да го потврди своето место на кошаркарската мапа на Македонија и да му оддаде почит на Зоран Петковски – Петкото преку спортот кој беше неговата голема љубов.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
16 СЕПТЕМВРИ
18:30 часот: Пелистер – МКК Куманово
20:30 часот: МЗТ Скопје Аеродром – ТФТ
17 СЕПТЕМВРИ
15:00 часот: Натпревар за трето место
17:00 часот: Финале


