Со дуелот меѓу Вардар и МЗТ Скопје во малата сала на СРЦ Кале, денеска стартува седмото коло од Првата македонска кошаркарска лига, последно пред двонеделната пауза поради настапите на репрезентацијата во квалификациите за Европското првенство.
Со оглед на тоа што шампионот дава најмногу репрезентативци, кошаркарите ќе имаат можност да одморат до официјалниот старт на подготовките кој е закажан за понеделник. Колото ќе трае до недела кога се игра и дербито, меѓу двете првопласирани екипи на табелата ТФТ и Чаир.
Интересно се очекува да биде и во Кавадарци каде Еуро Никел го пречекува Работнички, како и во Гостивар каде гостува тимот на Кожув.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ:
14.11.2024 Вардар – МЗТ Скопје 15:00
16.11.2024 Еуро Никел – Работнички 18:00
16.11.2024 МКК Куманово – Феникс 18:00
17.11.2024 Гостивар – Кожув 17:00
17.11.2024 ТФТ – Чаир 18:00
17.11.2024 Пелистер -Шкупи 18:30


