Екипите на Денвер и Портланд ноќеска одиграа еден од најдобрите натпревари оваа сезона во НБА лигата.
Победија Нагетс со 137-132 и покрај тоа што на десет минути пред крајот на натпреварот, Блејзерс имаа водство од 16 поени. До средината на последната четвртина, гостинските кошаркари погодија се што сакаа. Погодија дури 25 тројки и имаа огромни +16 по што се чинеше дека работата е завршена.
Но, тоа не беше доволно на крајот. Нагетс, носени од Никола Јокиќ, успеаја да ја свртат ситуацијата во своја корист. Кога Ерон Гордон погоди тројка од агол за +2 за домаќините на минута до крајот, се стекна впечаток дека Денвер ќе успее да сврти сè и да избегне уште едно продолжение оваа сезона. Јокиќ можеше да го реши натпреварот во корист на својот тим пред продолжението, но не беше прецизен во два наврата.
Во продолжението, сепак немаше никаков сомнеж, Денвер дојде до триумфот без поголеми проблеми и забележа уште една победа. Јокиќ го заврши натпреварот со 35 поени, 14 скока и 13 асистенции – 197. трипл-дабл во неговата кариера. Шутираше 15 од 31 од поле (14 од 26 за два поени и 1 од 5 за три поени). Интересно е што сите негови други соиграчи (осум од нив) упатија вкупно 70 шутеви. На другата страна, Тумани Камара постигна 30.
РЕЗУЛТАТИ
Атланта – Њујорк Никс 105-108
Орландо – Детроит 123-107
Мемфис – Кливленд 126-142
Сан Антонио – Филаделфија 115-102.
Денвер – Портланд 137-132


