Во рамките на претсезоната од идната натпреварувачка кампања, во Абу Даби ќе се сретнат екипите на Бостон Селтикс и Денвер Нагетс.
Актуелниот шампион и најтрофејниот тим во историјата на НБА, во Обединетите Арапски Еммирати ќе одиграат два меча, на 4 и 6 октомври и со тие натпреварк продолжува соработката меѓу најквалитетната светска кошаркарска лига и Абу Даби. Минатата сезона во овој град гостуваше Лука Дончиќ, а сега љубителите на кошарката ќе имаат можност во живо да го видат Никола Јокиќ.
Нема да е изненадување ако дуелот во Абу Даби биде реприза на финалето во НБА оваа сезона бидејќи Бостон во моментов е убедливо најдобар тим во лигата, а Денвер повторно има шампионски амбиции.


