Центарот на Денвер, Никола Јокиќ, ќе се врати на теренот вечерва против Клиперс, објавија американските медиуми.
Српскиот центар е надвор од теренот од пред крајот на 2025 година, кога се повреди на натпреварот против Мајами. Во меѓувреме, додека се опоравуваше од повредата на коленото, Нагетс играа одлично, регистрирајќи десет победи, загубија шест пати и останаа при врвот на Западната конференција.
Она што е најважно, ако се врати вечерва, Јокиќ ќе остане во игра за индивидуалните признанија во НБА, вклучувајќи ја МВП наградата. Според правилата на НБА, ако играч пропушти 17 или повеќе натпревари, тој автоматски е елиминиран од конкуренцијата за наградите, а Јокиќ досега пропушти 16.
Денвер ќе биде домаќин вечерва и ќе се обиде да ја оствари четвртата победа во последните пет натпревари.


