НБА шампионот од 2023 година Денвер Нагетс, сепак, продолжува по старите патеки бидејќи е јасно дека барем во следните пет години во своите редови ќе го има пеколниот тандем.
Никола Јокиќ одамна е врзан со богат договор, а денеска е постигнато продолжување на соработката и со втората ѕвезда во тимот Џамал Мареј. Канаѓанецот потпиша нов, четиригодишен договор со франшизата од Колорадо за вкупна сума од 208 милиони долари.
Договорот стапува на сила во 2025 и ќе важи до 2029 година, а дотогаш Мареј во тандем со Јокиќ ќе се обиде да му донесе уште некоја титула на Јокиќ. Ова е и победа на тренерот Мајк Мелоун кој инсистираше да бидат задржани најголемите ѕвезди во тимот, за разлика од управата која сакаше да ја подмлади екипата.


