Најголемото дерби во македонското првенство повторно доживува тешки моменти поради навивачите на Работнички и МЗТ Скопје.
По само една минута игра во втората четвртина, вкупно 11 на натпреварот, играта е прекината, а играчите на двете екипи и официјалните лица се повлекоа во соблекувална. Причината е фрлени петарди на теренот за кои допрва ќе се утврдува од која страна завршија на паркетот.
Во моментот на прекинот МЗТ Скопје водеше со 30-13, пред се благодарение на серијата од 22-0 во првата четвртина.


