Екипата на Виртус славеше во дербито на италијанското првенство против Олимпија Милано со 84-75.
Со тоа на својот најголем ривал му ја прекина серијата од осум победи и му го нанесе првиот пораз во 2024 година. Тимот од Болоња славеше благодарение на подобрата игра во првото полувреме кое го доби со 47-37. Најмногу што успеа Олимпија да се врти во вториот дел беше до -6 разлика, но Виртус одговори со четири поени по ред и стави точка на мечот.
Шабаз Нејпир одигра одличен натпревар и постигна 24 поени, но тие не беа доволни за триумф на гостинскиот тим. Белинели и Лундберг со 17, односно 16 поени го предводеа Виртус. Лидер на табелата во италијанското првенство е Бреша која има една победа повеќе од Виртус и два од Олимпија.


